Користејќи ја формата на оваа страна може да пријавите багови, проблеми и ранливости поврзани со IT.mk и сите поврзани сервиси кои се директно хостирани, поставени и/или оддржувани од страна на IWM Network.

Багови

За да пријавите баг и да ни помогнете со негово побрзо решавање, при пополнување на формата ако можете:

  • доставете го линкот каде што е багот
  • посочете прецизно што се обидувате да направите
  • ако е можно, направите принт скрин и споделете го
  • споделете оперативен систем и прелистувач

Правила за тестирање на ранливости

Како сајт кој активно ја слуша заедницата, дозволуваме тестирање на ранливости на домени и сервиси менаџирани од страна на IWM Network, меѓутоа со цел заштита на податоците и функционалноста имаме неколку правила:

  • Може да ги тестирате сите содржини на следниве домени: *.it.mk
  • Може да тестирате со таргет на вашиот акаунт и ваши податоци
  • Доколку пронајдете ранливост, пријавете ни ја веднаш
  • Тестирањето мора да е ограничено и да не врши DoS/DDoS тип на напади
  • Тестирањето не смее да прекршува локални и интернационални закони
  • Тестирањето не смее да компромитира податоци кои не се ваши
  • Тестирањето не смее да го наруши нормалното функционирање на сајтот и неговите сервиси
  • При пријава на ранливоста би ценеле proof of concept или чекори за репликација

Останати проблеми и сугестии

Имате некој друг тип на проблем или сугестија за како да го подобриме IT.mk? Слободно споделете…

    Полињата означени со * се задолжителни.

    Прикачи слика (.jpg)